Дел од угостителите во Охрид ги затворија локалите

Оние кои работат велат дека прометот им е повеќе од преполовен и во неможност да ги покриваат тековните трошоци приморани се да отпуштаат вработени.

 |  Соња Рилковска  | 


Дел од угостителите во охридско струшкиот регион ставија клуч на врата. Поради кризата предизвикана од пандемијата,  во неможност да ги покријат тековните трошоци  ги затворија  локалите.
Кафулињата и рестораните  кои се` уште работат се жалат дека прометот им е намален за 60 % во однос на лани.
 

„Јасно  е дека за жал има случаи каде што затворањето е конечна одлука. Да се затвори еден објект одлука не е лесно да се донесе мегутоа секој си ја знае математиката јасно е дека една од можните мерки е затврањето на објектот“ , вели Михаил Мишев претседател на здружението Угостителски еснаф.

Голем дел од вработените во угостителскиот сектор останаа без работа. 

„Во  Охрид бидејки е базиран да речеме генерално на сезонско работење карактерот сам по себе на работата побарува бројот на вработени вон сезона да се намали но ваквата ситуација допринесе дополнитлено да се намали тој број што е разбирливо“, додава Мишев.
Се очекува во следниот период да расте бројот на затворени уготителски објекти во Охрид, особено на оние кои не ги исполнуваат условите за помош во четвтиот пакет економски мерки на владата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top