Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи.
Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет во врска со списоците со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19 кои се споделуваат на социјалните мрежи.
По допрен глас СВР Охрид испрати известување до Основното јавно обвинителство во Охрид, за да се истражи кој јавно на социјалните мрежи поставува списоци или делови од списоци со имиња на граѓани од Охрид, позитивни на КОВИД-19, информира портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.
Со месеци месеци веќе на социјалните мрежи се споделуваат личните податоци на заболените лица од Ковид-19 , па списоците кружат на социјаните мрежи заедно со дневните статистики поврзани со КОВИД-19. Сега по добиените сознанија од СВР Охрид, Основното јавно обвинителство Охрид оформи предмет, по кој јавен обвинител презема дејствија за утврдување на факти и прибирање податоци.
Неодмана менаџментот на Општата болница и на Центарот за јавно здравје јавно го осудија овој чин и упатија апел, тој што објавува списоци да престане да го прави тоа оти не помага ниту на себе си ниту на другите.
Ианку епидемиолошката состојба со ковид 19 во Охрид е сложена и загрижувачка како и во целата земја. Охрид после Скопје е Општина со најголем број хоспитализирани лица, 110 а што се однесува до бројот на заболени речиси секојдневно има двоцифрена бројка која има тенденција на зголемување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град