ОК На ВМРО ДПМНЕ денеска на прес конференција го повикаа Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став за лармантно нискиот водостој на Охридското езеро. Вината за драматичната состојба со нивото на езерото ја лоцираат кај власта.
Намалениот водостој на Охридското езеро тема на денешната прес конференција на претседателот на ок на вмро дпмне Охрид , Сашо Донев. Во изминатиот период сведоци сме на сите лажни ветувања со кои СДСМ дојде на власт, критикувајќи ги тогашните состојби воедно ветувајќи промени. Еден од најексплицитните примери за тоа е грижата за Охридското Езеро и алармантното ниво на водата, обвини Донев.
„Тогаш критикуваа и објаснуваа како треба. Дека никој нема право да ги злоупотребува природните богатства за да прикрива неодговорни политики, а сега состојбата е најдраматична од било кога, односно никогаш не била ни приближно како што е денес. Во времето кога држеа пресови симулирајќи наводна паника им ветуваа на граѓаните поинакво менаџирање.“
За потсетување Охридското Езеро нема концесионер, дивите градби околу езерото не се срушени, а освен палмите ниту една мерка не е спроведена од препораките на УНЕСКО, рече Донев.
„Ги охрабруваме невладините организации, екологистите и Хидробиолошкиот завод кој егзистира децении на брегот на езерото, да се јават со свој официјален став, да бидат јасни и гласни околу последиците од ваквата алармантна состојба и последиците коишто ќе следат по флората и фауната на езерото. “ – кажа Донев.
Заштитата на растителниот и животинскиот свет во езерото е должност и обврска на Заводот како институција којашто треба да се грижи за еко-системот на езерото, потенцира Донев.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град