Реакции од ДПА на вчерашниот избор

По вчерашниот избор на претседател на струшкиот совет, денес ДПА одржа прес конференција.

 |  Билјана Колоска  | 

ДПА реагира оти тој и неговиот тим од оваа партија работат само за свои интереси. Револтирани се  од вчерашната седница, на која  се избра претседател на совет, кандидатот на ДУИ, Џеваир Беќири. Коментираат дека со тоа единствено  се задоволиве интересите на ДУИ и нивниот коалиционен партнер на централно ниво, ВМРО ДПМНЕ. И порачуваат на владеачката партија, на локално ниво,  да ја откријат вистинката позадина на меѓусебната спогодба со ВМРО ДПМНЕ.

 


Од ДПА му порачаа на градоначалникот да престане со невистините кои што ги пласира до  албанската јавност во Струга а се однесуваат на тоа дека ДУИ сака да соработува со другите албански политички субјекти, велат од ДПА. Пошироката јавност и албанските граѓани во Струга го знаат тоа, и се свесни дека актуелната власт работи спротивно на нивните интереси, а не како што ветувале пред и за време на изборната кампања, вели претседателот на  огранокот на ДПА.
Од ДПА уште еднаш го повторија нивниот добро познат став дека и понатаму оваа партија останува опозиција. Секоја одлука која ќе биде донесена од општината  и за која ќе отцениме дека е пред се е во интерес на албанците и граѓаните на Струга,  ќе биде подржана од ДПА.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top