• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Донев: Градоначалникот Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во Водовод – Охрид

Донев: Градоначалникот Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во Водовод – Охрид

18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.

 |   | 

Од ВМРО ДПМНЕ бараат од градоначалникот Константин Георгиески да ја повлече точката за нови вработувања во ЈП „Водовод“ Охрид која е на дневен ред на Седница на совет закажана за во понеделник, 9 ноември. 18те нови вработувања според претседателот на ОК на партијата, Сашо Донев не се оправдани.

„Во услови на КОВИД-19 пандемија кога жителите на улица „Абас Емин“ секојдневно се соочуваат со недостиг на вода за пиење и вода за лична хигиена, приоритет на директорот на ЈП „Водовод“ се нови 18 вработувања.
Иако има над 250 вработени, Директорот на ЈП „Водовод“ баш сега се сети дека му е потребен личен возач во услови кога градот тоне, се затвораат дуќани и се економски уништени туризмот и стопанството.
Денес охриѓани плаќаат за 30% поскапа вода додека парите наместо за капитални инвестиции кои се под 10% се  пренаменети за возач на директорот и вработување на партиски послушници.
ЈП „Водовод“ наместо најуспешно јавно претпријатие кое треба да биде пример во државата, секојдневно тоне во милионски долгови, а охриѓани покрај еден од најголемите басени за питка вода се соочува со недостиг на вода за пиење и за лична хигиена.“ – вели Сашо Донев –Претседател ОК на ВМРО ДПМНЕ Охрид.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top