• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот

Здравствениот дом Вевани направи дневна болница за лекување на заболени со корона вирусот

Пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19  од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица   добија безбеден и изолиран простор за лекување.

 |  Соња Рилковска  | 

Вевчани направи дневна болница за лекување на пациенти со корона вирусот.  Поради зголемениот број на заболени   деновиве во Здравствениот дом   „Доктор Светозар Чочороски“  преадаптирани се некои одделенија и поставени се  десетина нови   кревети.
Пациентите позитивни  или сомнителни на ковид-19  од Вевчани и околните струшки села Лабуништа, Татеши, Велешта, Октиси, Подгорци, Јабланица   добија безбеден и изолиран простор за лекување.
„Поентата ни беше да помогнеме на Струга и Охрид да се олесни работата Станува збор за пациенти со лесна до средна клиничка слика, не се за класично болничко лекување но не се ни за домашно лекување. Терапијата мора да ја примаат во болнички услови“ ,  вели Јован Стојкоски.
Во есенскиот бран од вирусот  многу малку пациенти  има од Лабуништа, селото кое  беше најголемо жариште во пролетниот бран.
„Во вториот бран интересно е што бројот на пациенти од Лабуништа е помал полем е од Вевчани, Октиси и другиот дел кој фигурира околу Вевчани. Терапијата гледаме да ја обезбедиме доколку  одредени лекарства нема тогаш пациентите ќе ги рефундираат средствата од Фондот за осигурување“, додава Стојкоски.
Здравствениот дом Вевчани  покрива 25 000 жители, а   има двајца интеренисти задолжени за лекување на заболените со корона вирусот.  Моментално даесет и пет пациенти заболени со ковид 19   се лекуваат  во домот  „Доктор Светозар Чочороски“.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top