• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Промоција и дегустација на дел традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато

Промоција и дегустација на дел традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато

Викeндов во селото Bелчишта, Општина Дебрца се одржа промоција на дел од традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато.

 |   | 

Викeндов во селото Bелчишта, Општина Дебрца се одржа промоција на дел од традиционалните јадења и производи од околината на Белчишко Блато.

Со почитување на протоколите и заштитините мерки за заштита од коронавирусот, вредните домаќинки од овој крај ги презентирраа домашните специјалитети како питулици, комати, козјо сирење, кисело млеко, мед со пита, разни сорти грав, тикви, пченкa.

Белчишкото Блато (Сини Вирој) е едно од најголемите преостанати блата во Македонија и зафаќа површина од околу 137 ha. Се наоѓа во подножјето на Илинска Планина, поточно под нејзиниот западен огранок Габер, на надморска височина од околу 760 m. Блатото се потхранува од најмалку девет карстни извори познати како Сини Вирој кои извираат северно и североисточно од с. Ново Село во правец на с. Белчишта. На потегот со должина од околу 2 km извираат голем број извори и се формирани 11 мочуришни езерца, познати како вирови. Блатото е реликт од некогашното Десаретско Езеро, со кое Дебарца била поплавена во плиоценот (пред 5,3–1,8 милиони години). Локалитетот Белчишкото Блато претставува едно од 35-те идентификувани подрачја од интерес за зачувување на територијата од нашата држава. Овој локалитет претставува дел од ЕМЕРАЛД – мрежата, која претставува мрежа од подрачја од посебен интерес за зачувување, а се воспоставува на територијата на земји – потписнички на Бернската Конвенција за зачувување на дивиот свет и нивните природни живеалишта. Тоа е подготвителна активност за воспоставување на европската кохерентна мрежа НАТУРА 2000.

Белчишкото Блато обезбедува значајни директни и индиректни придобивки за луѓето и живиот свет, преку: снабувањето со вода, кружење на водата и нутриентите, природни ресурси, риболовот, одвивање на земјоделски и сточарски активности, можности за рекреација и туризам, место за истражување, набљудување на птици и сл. Блатото претставува редок и важен локалитет на национално и меѓународно ниво и во тек се подготвителни активности за ставање под режим на заштита во законски рамки.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top