Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени следните заклучоци:
Кризниот штаб на Општина Охрид денеска по барање на градоначалникот Константин Георгиески одржа он-лајн состанок на кој беа вклучени сите постојани членови. На состанокот беа донесени следните заклучоци:
-Засега состојбата со здравствената криза во Охрид е стабилна. Според податоците на надлежните здравствени институции, до денес во Охрид има регистрирано 170 активни случаи кои се позитивни на корона вирусот КОВИД 19. На Инфективното одделение и одделот за геријатрија во Општата болница во Охрид се згрижени вкупно 40 пациенти. Во моментот се подготвува план за реорганизација по други одделенија при евентуален поголем прилив на заразени во текот на наредниот период, кои би имале потреба од болничко лекување. Доколку се јави зголемена потреба од дополнителни капацитети за згрижување на пациенти, би можеле да бидат искористени и останатите здравствени објекти на подрачјето на општината;
-Се упатува препорака до сите компании, трговски, угостителски, сместувачки капацитети и сите останати работни организации, за максимално почитување на препораките за превенција од корона вирусот КОВИД 19 и преземање на навремени мерки за изолирање на сомнителни случаи помеѓу вработените;
-Се упатува препорака до матичните лекари на ниво на општината максимално да се вклучат во давање на препораки и соодветно третирање на пациентите по утврдените протоколи, како и во делот на давање на препораки за самоизолација;
-Се упатува апел до сите граѓани кои се во изолација да имаат поголемо трпение и да ги почитуваат мерките за превенција со цел да го заштитат здравјето на останатите граѓани;
-Се упатува апел до жителите на Охрид и до туристите кои во текот на викендите го посетуваат градот, максимално да ги почитуваат сите мерки за заштита и превенција, да се носат заштитни маски, да се одржува потребна дистанца, да се одржува лична хигиена и да се врши дезинфекција.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град