Повторно одложен судскиот процес против браќата Усеини

По втор пат одложен почетокот на судскиот процес против Нефи и Ибраим Усеини кои се обвинети за физички напад на охриѓанецот Спирко Топалоски. Денеска пред основниот суд во Охрид се појави Ибраим додека пак неговиот брат според одбраната, не можел да присуствува поради оперативен зафат. Како и на предходното и на ова рочиште, отсутен беше и оштетениот Топалоски.

 |   | 


 
Прекинато денешното продолжение на судењето на бизнисменот и советник од редовите на ДУИ, Нефи Усеини и неговиот брат Ибраим, кои се товарат за дело насилство врз охриѓанецот Спиро Топалоски.
Судскиот процес започна на 22ри септември,кога во охридскиот суд се појави само Нефи Усеини а не присуствуваа неговиот брат Ибраим поради влошена здравствена состојба и оштетениот во својство на сведок Спиро Топалоски. Денеска во судницата беше присутен  Ибраим, а отсутен беше неговиот брат  поради оперативен зафат во Турција.  Судот побара од одбраната на Нефи Усеини да достави оригинал медицинска документација за лекување во странство, во спротивно ќе биде стражарно е приведен и донесен пред Судот.  На рочиштето повторно не се појави ниту оштетениот Спиро Топалоски, кој според одбраната имал операција на забите, па не можел да зборува. Истата мерка за стражарно приведување судот ја најави  и заТопалоски  доколку не се појави на следното рочиште.
Следното рочиште е закажано за 27ми ноември, а закажан е уште еден термин на 3-ти декември со цел забрзување на процесот.
Нефи и Ибро Усеини се товарат за насилство врз  Спиро Топалоски, што се случи кон средината на август. Законот за кривичното дело насилство предвидува казна од 6 месеци до 5 год. Браќата Усеини се бранат од слобода откако на 11ти септември излегоа од притвор со гаранција во недвижен имот проценет на 850 илјади евра.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top