Филипче: Во овој период полициски час не е решение, доволно е да се почитуваат мерките

Се соочуваме со многу силен бран на вирусот, што значајно ги оптеретува сите сегменти во здравствениот систем, односно, лабораториските капацитети, тестирањата и болничкото сместување на пациентите, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

 |   | 

Се соочуваме со многу силен бран на вирусот, што значајно ги оптеретува сите сегменти во здравствениот систем, односно, лабораториските капацитети, тестирањата и болничкото сместување на пациентите, кажа на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.
Се прават напори да се скрати постапката за набавка на брзи тестови и за обезбедување дополнителни капацитети за тестирање во повеќе институции рече Филипче. Во однос на болничките капацитети, министерот посочи дека во модуларната болница до Инфективната клиника која неодамна почна да прима заразени од Ковид-19, капацитетот забрзано се пополнува, па оттука бил направен план за обезбедување на дополнителни болнички капацитети.

„Најпрво во болницата во Козле, 40 кревети за кои што има кадар кој таму може да работи, појачан со колеги од Инфективната клиника, една колешка е веќе таму и практично ја организира работата, и припремата на целокупните капацитети. Уште две одделенија се спремаат во болницата ‘8-ми Септември’, со кадарот кој што таму работи. Во текот на денот треба тој план да го заокружиме за да биде спремен и тој дел, се надевам дека ќе се најде соодветен начин да не се загрози останатиот дел од работата“, рече Филипче.

Како што додаде тој, исполнети се и болничките и инфективни одделенија и во другите градови. Во комуникација со болниците се разговара за  обезбедување дополнителни капацитети во интерните оделенијја, препраќање пациенти во Скопје или во други градови каде има место, посочи министерот. Притоа потенцираше дека капацитетите не значат ништо без медицински кадар. Се мобилизираат лекарите интернисти од самите болници да помагаата на инфективните одделенија.  За во среда е закажан состанок со сите приватни интернисти, вкупно 56 на број во земјава кои имаат договор со фондот, за да може да се вклучат во системот на дежурства во болниците каде се лекуваат пациенти заболени од Ковид-19.
Министерот истакна дека е против воведување полициски час и законските измени кои утре ќе се најдат пред пратениците се во насока на избегнување на таа мерка.

„Целта е да се избегне групирањето. Целата е да се носат маски. Сметам дека во овој период полициски час не е решение. Доволно е да се почитуваат мерките за заштита и оние мерки кои утре ќе бидат изгласани во Парламентот. Генерално препораката е да се избегнува воведување на полициски час. И на состанокот кој го имавме преку Берлинскиот процес со сите земји во регионот, беше порачано да нема такво ограничување. А пакет на мерки кои можат да имитираат полициски час, се речиси секаде во сила,  кажа Филипче.

Според министерот зголемениот процент на смртност од Ковид-19 во земјава се должи на коморбидитетите и доцното доаѓање на пациентите во болница.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top