Премиера на филмот “СТЕЛА” во НУЦК Охрид

Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.

 |   | 

Филмот „Стела“ премиерно на кино репертоарот во НУ Центар за култура „Григор Прличев” – Охрид и тоа во деновите 29-ти, 30-ти и 31-ви Октомври 2020 година, со почеток во 20.00 часот, цена на карта 150 денари.

По обид за самоубиство на едно десетгодишно дете, кое е жртва на малтретирање во училиште, Стела(шарпланинка) е единствената која може да го спаси и да му ја обнови верата во животот.

Оригинален наслов: СТЕЛА

Траење на филмот: 91 Минути

Земја / година: MKD/2019

Жанр: Драма, Семеен

Глумци: Дејан Лилиќ, Тони Михајлоски, Петар Маниќ, Симеон Дамески, Христина Поповиќ

Режија: Стојан Вујичиќ

Дистрибутер: Дрим Фектори

Цена на билетот 150 денари, почеток 20.00 часот

СОГЛАСНО ЗДРАВСТВЕНИТЕ ПРОТОКОЛИ СО ОГРАНИЧЕН БРОЈ НА ПУБЛИКА!!!

Продуцентот Огнен Антов вели дека „Стела“ е приказна за еден шарпланинец, едно дете и за еден дедо. Филмот е копродукција на „Дрим фектори“ од Македонија, „Акција продукција“ од Србија и на „Моуна“ од Германија.

Улогата на Никола ја игра 12-годишниот Петар Маниќ, за кого ова е филмско деби, а во кастингот се и Дејан Лилиќ, Тони Михајловски, Симеон Дамески и Христина Поповиќ, позната од српскиот филмски хит „Парада“.

Сценариото е на Ева Камчевска, кинематографер е Гого Клинчаров, а костимограф е Милена Миленковиќ. Филмот е поддржан од Агенцијата за филм на Македонија и од Филмскиот центар на Србија.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top