Стружанецот Пеце Клечкароски јаткастите плодови и семките од сопствената градина ги претвора во вкусни намази.
Стружанецот Пеце Клечкароски јаткастите плодови и семките од сопствената градина ги претвора во вкусни намази.
Пред шест години дошол до идеја, музиката да ја замени со кулинарство. Три години учел, експериментирал и тестирал најразлични рецепти за денес со својата креативност , упорност и уметничка душа во мини работилницата „Леска“ во село Дрслајца, каде и живее да произведува шеесеттина врсти вкусни намази. Кремови од лешници, бадеми, ореви, фстаци, семки од тиква, помешани со какао и мед, денес се дел од најбараните производи во кои уживаат љубителите на вкусна храна.
„Сите рецепти што досега ги имам ги измислив сам јас. Секако додека да додјам до сите тие рецепти имаше ногу работа, многу се образовав, многу учев. Учев преку различна литература која што ја нарачував од интеренет.Практично интернетот ми помогна многу и упорноста и секако многу многу работа“, вели Пеце Клечкароски.
За разлика од индустриските кремови, производите на „Леска“ се здрави без додадени шеќери и штетни адитиви.
„Разликата кај занаетчиското производство е што се обрнува посевбно внимание на квалитетот на самата намирница, од каде потекнува од каде се набавува се обрнува внимание на изработката и се обрнува внимание на квалиетот на сите намирници на тој состав. И секако и на креативноста“, додава Клечкароски.
Во иднина планира да го зголеми капацитетот на работилницата и да произведува чоколадо од какао зрна. Да го збогатува асортиманот, но и да ги брендира производите на Леска.
„Мојот план е да се посветам на правење чоколада. Иако, исто како и фстакот тешко се набавува какоо зрно се надевам дека ке усппеам да набавам поголема количина и да ја произведам првата занаетчиска чоколада во Македонија“, вели Клечкароски.
Соработува и со други локални производители на мед и џемови од овошја и сирупи за заедно да создаваат автохтони производи, кои ќе бидат бренд на нашето поднебје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град