Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Со поставување на вториот асфалтен слој на коловозот деновиве се изведуваат завршните градежни активности за реконструкција на улицата која минува низ поранешната касарна „Михајло Апостолски“.
Согласно проектот, во текот на изминатиот период на оваа улица беше извршено поставување на атмосферска канализација и се изврши уредување и поплочување на тротоарите од двете страни на улицата.
Според планираното, наскоро ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и осветлување.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град