• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Георгиески, беше дел од 81та сесија на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на UNECE

Георгиески, беше дел од 81та сесија на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на UNECE

Целта на форумот е на округла маса да се споделат активностите и иновативните решенија што градовите ги преземаат во урбаниот развој.

 |   | 

Денес, градоначалникот Константин Георгиески, беше дел од 81. сесија  на Комитетот за урбан развој, домување и управување со земјиште на УНЕЦЕ. Покрај градоначалникот на Охрид, свое учество зедоа и градоначалници од повеќе градови од Европа и Балканот, Северна Америка,  Централна Азија и Кавказ. Овогодинешната тема на форумот беше „Активностите на градот за одржлива иднина“.

Градоначалникот Георгиески во своето обраќање се осврна на активностите што Локалната самоуправа ги презема во создавање на одржлива животна средина, инвестирањето во разеленувањето на градот, како и инвестициите во проекти наменети за намалување на загадувањето на животната средина.

Целта на форумот е на округла маса да се споделат активностите и иновативните решенија што градовите ги преземаат во урбаниот развој.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top