• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Ротациони светла и сирени за починатата медицинска сестра и за подигнување на јавната свест за Ковид 19

Ротациони светла и сирени за починатата медицинска сестра и за подигнување на јавната свест за Ковид 19

Со сирени и ротациони светла колона амбулантни возила на брза помош денеска  направија обиколка по охридските улици со цел да влијаат на подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита и спречување на ширењето на корона вирусот. Воедно оддавајќи и почит на  прерано  починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на Ковид-19 здравствените работници апелираат до граѓаните конечно да проработи совеста.

 |   | 

Возила за брза помош на Здравствен дом и Општа болница Охрид, со вклучени сирени и ротациони светла, денеска точно напладне, и’ оддадоа последна почит на прерано  починатата медицинска сестра Дијана Димоска и на сите жртви на Ковид-19.

Возилата во колона тргнувајќи од Здравствен дом до Општа болница и по Булевар Туристичка направија обиколка по охридските улици со цел да влијаат на подигнување на јавната свест кај граѓаните за заштита и спречување на ширењето на вирусот.

Од Општа болница Охрид потсетуваат на едноставните поуки за спречување на ширењето на вирусот и апелираат до граѓаните дека најсилно оружје против подмолниот вирус и болеста  е нашата свест и одговорност.
– Одржувајте хигиена
– Избегнувајте групни собири
– Држете растојание и носете маска
– Хранете се здраво
– Бидете физички активни и со позитивен дух
Од ЈЗУ Општа болница додаваат дека никој не е отпорен на овој агресивен облик на вирус.
– Не е важно дали сте млад или стар, богат или сиромав, директор или работник. Дајте конечно да проработи свеста кај сите нас и нека гордоста и неверувањето ги замениме со почитување на мерките за заштита. Здравјето е најголемо богатство, потенцираат од ЈЗУ Општа болница Охрид.
Медицинската сестра Дијана Димоска која  ја загуби битката со Ковид на 49 години е последната жртва на вирусот од вкупно 20 загубени животи во Охрид од почетокот на епидемијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top