Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања

Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.

 |   | 

Според најновото исражување направено од страна на Центарот за граѓански комуникации, Општина Охрид меѓу првите три општини со најголем број вработувања.

Најмногу вработени или ангажирани луѓе меѓу единиците на локална самоуправа има Градот Скопје, 747 луѓе, а од другите општини следна е Карпош која има 312 луѓе, иако во анализираниот период го намалила бројот на вработени или ангажирани за 124 луѓе. Над 300 вработени има уште само и Општина Охрид, 308.

По одделни општини, рекордер и според апсолутниот и според процентуалниот износ на зголемување на бројот на нововработени или ангажирани луѓе е Општина Бутел, која во 2020 споредено со 2017 имала 122 повеќе луѓе, односно 207 % зголемување на кадарот. Втора, исто така и апсолутно и процентуално е Општина Кавадарци со 87 луѓе или 77 % повеќе вработени или ангажирани луѓе.

По одделни категории вработени или ангажирани, најмногу нововработени во редовен работен однос, 35, има Општина Куманово. Кај привремените вработувања, најмногу нови, односно 89 има Општина Бутел, додека кај договор на дело, најмногу новоангажирани по оваа основа, по 15 имаат Општина Бутел и Општина Гевгелија.

Спротивно, најголемо намалување на вработените во редовен работен однос од дури 49 луѓе има Општина Тетово, најголемо намалување на привремено вработени од дури 108 луѓе има Општина Карпош, додека најголемо намалување на ангажираните по договор на дело, односно 57 луѓе помалку има Општина Ресен.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top