Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков ја обвини влсат на СДСм за несовесно и неодговор однесување кон Охридското Езеро. Пецаков повлекувањето на езерото го посочи како алармантно и обвини дека власта наместо како природен ресурс го третира како акумулација за производство на електрична енергија.
Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ Кирил Пецаков денеска на прес конференција посочи на повлекувањето на водата на Охридското езеро и за таквата алармантна состојба со водостојот ја обвини власта на СДСМ. Лицемерно за личен профит го опустошија езерото, но затоа ја поскапеа струјата, рече Пецаков.
„Дали Охридското Езеро за СДСМ е вештачка акумулација, па да можат со ЕЛЕМ безмилосно да го празнат за производство на електрична енергија? Дали недостатокот на јаглен придонесува за ваквото поигрување со Охридското Езеро како да е вештачка акумулација? Градоначалникот Константин Георгиески да одговори што се случува со ниското ниво на водата во езерото?“ – праша Пецаков.
Пецаков кажа дека власта се однесува несовесното и неодговорно кон Охридското Езеро и ја прозва својата колешка пратеничка од редовите на владејачката СДСМ, Жаклина Лазаревска, зошто молчи за тоа што му се случува на езерото.
„Самото ниво на водата во Охридското Езеро е алармантно и е директна закана за растителниот и животинскиот свет во езерото.
Кој ќе понесе одговорност за негативните последици на растителниот и животинскиот свет? За СДСМ ниту Охрид преку дивоградбите, ниту Охридското Езеро со нискиот водостој како да не се заштитени од УНЕСКО, но ги потсетуваме дека сите вакви негативни последици по градот и езерото се противзаконски дела.“ – кажа пратеникот Пецаков.
СДСМ претходно беа најгласни, а сега за нивото на езерото молчат. Сега се власт , рече Пецаков и ги повика да реагираат веднаш, во спротивно, како што рече, ќе ја докажат нивната неспособност.
Според последните мерења на Управата за хидрометеоролошки работи, нивото на Охридското Езеро утрово се наоѓа на 693,18 метри надморска височина, што е еден сантиметар над законски утврдениот минимум и дури 15 сантими под просекот за септември.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град