Натпреварот од третата рунда во Супер лигата помеѓу екипите на Охрид – РК Радовиш / HC Radovis е одложен, а Групата А е ставена во мирување 15 дена после позитивните случаи на ковид -19 во тимот на Голден Арт КЛ7.

Ова доаѓа по одлуката на РФМ екипите од групата А да бидат надвор од терените 15 дена откако се регистрирани 16 позитивни играчи на коронавирус во тимот на „Голден арт КЛ7“.
Во редовите на ГРК Охрид нема позитивни случаи на COVID-19. Спортскиот директор на клубот, Горан Недески информира дека по пет играчи од клубот, по случаен избор, се тестираат секоја недела и резултатите досега се негативни.
Од РФМ им препорачаа на сите екипи во групата А да направат дополнителни тестирања.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град