Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, којшто е алатка за примена на новиот Закон за урбанистичко планирање кој е стапен на сила.
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски денеска го потпишал Правилникот за урбанистичко планирање, којшто е алатка за примена на новиот Закон за урбанистичко планирање кој е стапен на сила. Правиме сериозна регулација на просторот. Можеме да бидеме уверени и убедени дека урбанизмот ќе биде вистинска алатка за вистински развој на државата, а не нешто преку кое ќе се врши узурпација на просторот. Ќе овозможиме вистински развој на урбаните средини преку рационално и хумано планирање на просторот, рече Бочварски на прес-конференција во Владата.
„Повеќе не е дозволиво да се узурпира просторот за сопствени или нечии други потреби на штета на јавниот интерес.
Во овој нов правилник ставаме сериозни регулации во делот на донесувањето на урбанистичките планови , заштитата на зеленилото, како што е предвиденото двојно гласање во Советот преку партиципативно тело во кое ќе учествуваат граѓани, стручни лица, фелата, советничките групи, кои ќе имаат целосен увид во носењето на деталните урбанистички планови. -Апелирам и барам вклученост на граѓаните. Ова е идеален правилник преку кој можат да се вклучат сите, но од овде натаму останува вклученоста на граѓаните да не се доведуваме во ситуација по донесени ДУП-ови да излегуваат реакциите на граѓаните бидејќи тогаш таа реакција реално е и задоцнета. “– кажа министерот Бочварски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град