Брауновиќ: Со нетрпение го очекувавме враќањето на ракометот

Охридските ракометари на гостински терен против дебитантот во Супер лигата, Голден Арт КЛ7 ја започнуваат новата сезона. Со нетрпение го очекуваваме овој момент, кажа денеска на прес конференција, голманот на ГРК Охрид, Јагош Брауновиќ.

 |   | 

Утре во Скопје  ГРК Охрид  го игра првиот натпревар во новата сезона во машката ракометна суперлига. После 6 месеци му се враќаме на ракометот во новата сезона.  Ракометаритње со нетрпение го очекуваа овој момент, вели голанот Јагош Брауновиќ.  

„И гостуваме на екипата КЛ 7.  Не знаеме многу за нив со оглед на тоа дека се дебитанти во суперлигата. Но едно е сигурно, дека ние во тој натпревар ќе влеземе со многу оптимизам  и сила и очекуваме победа. Подготвени сме.“ – вели  Брауновиќ.  

Брауновиќ додава дека минатата година играчите се запознавале и уигрувале. Смета дека оваа сезона екипата е посилна. За себе и колегата на голот Никола Даниловски, вели дека ќе се докажат во најдобро светло иако се најмладиот голмански пар во лигата.

Во однос на играчкиот кадар клубот претрпе мали измени.  Кристијан Анастасовски и Лексо Цицелишвили, ја напуштија екипата а како засилување дојде србинот Игор Чагаљ. Спортскиот директор Горан Недески се надева празнината да ја пополнат младите сили на кои оваа полусезона тренерот Стојановиќ ќе им даде повеќе шанси.

„ Без потценување на другите екипи кои се во нашаат група , меѓутоа сметам  дека заедно со Пролет сме фаворити за некое од првите три места во групата .  Во однос на амбициите, пласманот во плеј оф , ќе пчекаме да видиоме како ќе се одвиваат здравствените  услови како во светот така  и кај нас па потоа ќе размислуваме дали ќе атакуваме на места кои водат во Европа. Се зависи од тоа што ќе диктира Ковид ситуацијата. “ – кажа Недески.

За засилувања за зимскиот период кои ги побара тренерот Раде Стојановиќ  засега не се размислува, вели Недески. Клубот има набиен распоред на натпревари и целосно се фокусирани   на првиот дел од сезоната.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top