• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“

Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“

Млади поети и писатели на литература за деца неколку денови ќе ги запознаваат убавините на Охрид, Дебрца и Вевчани и ќе творат  на Балканскиот поетски камп „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“. Годинешната поетска манифестација е во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески.

 |   | 

Започна Балканскиот поетски камп за деца и млади „Поетски искри од огништето на Ванчо Николески“. Организатор на овој тридневен  поетски собир е Друштвото за култура и литература „Мацково“.  Денеска дел од младите поети и организаторите ги прими Градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

„Сакам да Ви честитам на истрајноста и упорноста, во овие тешки времиња за цел свет со здравствената криза со која се соочуваме сепак да се нафатите да организирате еден ваков благороден настан. Сите настани коишто се организираат и случуваат ова лето во Охрид се доказ дека ние како град и како граѓани на овој древен и свет град пркосиме на сите непогоди со конечна цел успех во тоа во кое што веруваме , во случајов тоа е поезијата.“ – истакна во поздравниот говор градоначалникот Георгиески.

Со младите учесници на кампот, ќе работат истакнати потески автори од регионот, а главен претставник на Светската академија за поезија на УНЕСКО ќе биде претседателот на Одделот за словенскиот свет при академијата, поетот Мајо Данаиловиќ од Белград. Тој на отворањето на кампот ја прочита пораката која ја упати д-р Лаура Троиси, генерален секретар на Светската академија на поезијата при УНЕСКО, која не беше во можност лично да присуствува на манифестацијата поради откажани авионски летови.

„ Светската поетска Акдемија Ви честита за организацијата на кампот кој ги обединува младите поети и писателите за деца од  балканските земји. Им посакуваме на учесниците пријатен престој во Охрид и овој собир да биде пример кој промовира соработка и разбирање помеѓу различни култури афирмирајќи ја литературата“

Годинешната поетска манифестација е во знакот на одбележувањето на 108 годишнината од раѓањето и 40 години од смртта на Ванчо Николески. Младите поети од балканот за време на својот престој ќе го посетат гробот и Спомен куќата на писателот Николески, Вевчанските извори,  Дирекцијата на Струшки вечери на поезија, Галерија на слики од најсатарата  Уметничка колонија  во Македонија “Дебрца”, чистиот и недопрен еколошки  локалитет Сини Вирој и своите впечатоци ќе ги преточат во поетска мисла.
Веле Митански, претседател на Здружението Мацково упати благодарност до сите кои овозможија ваква богата програма на поетскиот камп.

„ Манифестацијата се организира со финансиска поддршка на Министерството за култура и поддршка од Општина Охрид и лично залагање од страна на почитуваниот Градоначалник Константин Георгиески како и на општина Дебрца и Градоначалникот Зоран Ногачевски, а во реализација на сето тоа е вклучен и градоначалникот на Вевчани. “ – рече Митаноски.

На денешното отворање на Балканскиот камп со едноминутно молчење му беше оддадена почит на еден од иницијаторите за организација на манифестацијата, Петко Шипинкаровски (1946), писател и поет, драматург, есеист и книжевен критичар, кој почина на почетокот од годинава.  

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top