Во обемниот дневен ред од речиси сто точки ќе се најдат извештаите за работењето на јавните претпријатија и релаизација на програмите на некколку одделениија, како и извештаите за реализација на голем број програми. Пред градските советници ќе се најде и Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година.
Пред крајот на месецов свикана 46та седница на Советот на Општина Охрид. Во обемниот дневен ред од речиси сто точки, ќе се најдат извештаите за работењето на јавните претпријатија и релаизација на програмите на неколку одделениија, како и извештаите за реализација на голем број програми. Исто така советниците треба да се произнесат и за Предлог Одлуките за давање мислење на Програмата за изведување на училишните екскурзии, Предлог-одлуките за усвојување на годишниот извештај за работата и материјално–финансиското работење, и Предлог- одлуките за усвојување на годишната програма за работата за основните училишта во Охрид. Исто така од сферата на образованието на оваа седница, советниците треба да се произнесат и за Предлог – Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 20 ученици во основните училишта во Општина Охрид, како и за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во средните училишта во Охрид.
Пред градските советници ќе се најде и Предлог одлуката за давање согласност на Одлуката за утврдување на тарифа за снабдување со вода за пиење или водоснабдување на ЈП „ВОДОВОД“ Охрид за регулиран период 2021-2023 година. Ќе се одлучува и по однос на Предлог-одлуките за давање согласност на одлуката за усвојување на годишниот план за вработување во јавните претпријатија и основните училишта, а ќе се именуваат и членови на различни комисии.
Седницата ќе се одржи во големата сала на Општината на ден 25.08.2020 година (вторник) со почеток во 11.00 часот.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град