Младите теквондисти и стрелци од градов, на прием кај градоначалникот.
Охридскиот клуб „Теквондо“ брои околу 40 членови кои постигнуваат успеси како дома така и во странство. Од 20-тото Европско првенство и Европскиот куп за ученици во Умаг, Хрватска се вратија со шампионска титула и голем број први места и освоени златни, сребрени и бронзени медалји. Младата, Симона Јовческа тренира две години и е задоволна од совладувањето на боречките вештини што ги нуди теквондото.
И Охридските членови од стрелачкиот клуб „Охрид“ постигнуваат одлични спортски резултати. На сите три купови пионерите во машка конкуренција се на прво место. Пионерките пак на два купа се прваци, а на еден куп освоија 3 место, вели тренерот Фене Костадинов.
Локалната самоуправа не го заборави ни генијалниот гитарист Дамјан Пејчиноски, кој ќе се натпреварува во Лондон, на Гитар Идол, а за кој ТВМ веќе пишуваше. Покрај Ротари клубот и општина Охрид финансиски ќе го помогнат Пејчиноски достојно да го престави Охрид.
Градоначалникот Петрески на средбата со младите , успешни спортисти и гитаристото Пејчиноски истакна дека општина Охрид се гордее со своите успешни млади луѓе.
Првиот човек на градот и неговите соработници ги охрабруваат спортистите и уметниците да чекорат по патот на успесите, а тие се подготвени да ги подржуваат финансиски во рамките на нивните можности.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град