По десетина дена лекување на Клиниката за детски болести, 11годишниот Илче од Охрид опоравен заминува во мал групен дом.
По десетина дена лекување на Клиниката за детски болести, 11годишниот Илче од Охрид опоравен заминува во мал групен дом.
„Илче од Охрид по десеттина дена лекување и нега на Клиниката за детски болести успеа со плеснување на рачињата и едно големо браво да се збогува со тимот лекари кои се грижеа за него. Неговата состојба кога беше хоспитализиран беше тешка, а денеска со надеж дека Илче ќе има шанса за подобар живот го испраќаме седнат расположен за игра и насмеан да влезе во новото семејство. Огромна почит за сите здравствествени работници, тимот психолози, дефектолози, лекарите и сестрите кои цело време се грижеа за него!– објави министерот за здравство Венко филипче, денеска на фејсбук.
Илче пред еден месец и половина првин беше напуштен од таткото, а пред две недели и од мајката која има здравствени проблеми. По пишувањата во медиумите детето по налог на министерот за здравство Венко Филипче беше пренесен со возило на Брза помош на лекување во Скопје.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град