Струга преполна со гости кои ги користат ваучерите за одмор

Хотелите се букирани за цел август. Но туристичките работници стравуваат од голем пад во приходите веќе од септември и повоторно продлабочување на кризата во оваа дејност.

 |  Соња Рилковска  | 

И Струга во ек на сезона  полна со туристи.  До вчера  преплавени  беа струшките  плажи, почнувајки од Машка плажа, преку Калишта  до Радожда.
Изминативе денови беа преполни и хотелските капацитети. Хотелиерите велат најбројни се домашните гости, кои  ги користат ваучерите  за домашен туризам, но силно  недостигаат странските туристи.

„За границите што се бараат тестови  негативни можеби има поголемо влијание немме доволно гости од странство 90 % се домашни туристи. 0002 Во штицот на сезоната   со владината мерка со ваучерите  резервациите се прават нон стоп од 15 јули“, вели  Ерхан Папранику хотелиер од Струга.

Во отуство на странските туристи и дијаспората  прометот во туристичката индустрија бележи огромен пад.

 „Економски тоа е голем  проблем токму тие гости  нашата дијаспора.  оставаа многу пари насекаде од ресторани, угостителски услуги. Да не ги заборавиме свадбите ние охридско струшкиот регион имавме 1500/ 2000 свадби годишно “, вели Крсте  Блажески претседател на ХОТАМ.
Хотелиерите велат букирани се скоро за цел август, но  кризата во туризмот ќе се  почуствува од септември.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top