За доследно спробедување на мерките за заштита од корона вирусот се грижат четворица ковид координатори а за безбедноста накапачте се грижат 6 спасители на вода од Црвен Крст. Хигиената е на високо ниво а менаџментот планира за следната сезона да го доуреди кампот со бунгалови од природни еколошки материјали.
Десет часот наутро, кампот Љубаништа веќе одамна буден. Камперите раздвижени , некои во набавка во локалната пордавница, други го пијат утрнското кафе, трети појадувааат, а некои веќе се распослале на плажа и уживаат во милувањето на утринските сончеви зраци и разладувањето во езерските води.
Во меѓувреме пристигнуваат и нови гости , се пријавуваат на рецепција или доаѓаат во еднодневна посета на ширната песочна плажа. Оваа сезона во авто кампот најбројни се домашните гости, велат менаџерите
Што е најважно строго се почитуваат препораките за заштита од корона вирусот.
„Во моментов во авто кампот назначени се четворица ковид координатори, кои се задолжени за следење на состојбата и почитување на мерките. Покрај тоа во соработка со Црвен крст покрај двата спасители кои редовно работат за викенди кога има повеќе гужва имаме уште четворица дополнителни спасители едуцирани за справување и пробчематични ситуации и за воведување ред“, вели Антонио Гаврилоски закупец на авто камп Љубаништа.
Природата била дарежлива, бисерна вода и песочна плажа, карпести пејсажи , но инвестиции со години нема. Плановите на новите закупци се големи. Ќе се отстранат старите руинирани кампови , а на нивно место ќе никнат еко бунгалови., ќе се засадуваат нови дрвја, ќе се прави кино на отворено.. Љубаништа за неколку години ќе прерасне во елитен и луксузен камп.
„ Приколките со кои во моментов располагаме се многу стари и во лоша состојба, затоа нашата компанија планира од следната година да вооведе нови еколошки од природни материјали направени бунгалови во кои ќе има висок квалтет на смествање. Она што е најважно во авто кампот Љубаништа ќе се почитуваат сите политики согласно Планот за управување за природно и култруно налседтсво нема да се поставува ниту цименто ниту бекатони“, додава Гаврилоски.
Гостите кои со години доаѓаат во кампот Љубаништа велат условите се пристојни и вистински уживаат во летниот одмор.
-Ние сме задоволни за овие 11 години затоа сме тука. Нас ни е убав секој ден, чист воздух поубаво езеро нема, вели гостин од Скопје.
-Не ни треба на плажа блиску сме тука уживаме, вели пензионерка од Скопје.
-Јас сум од Велес тука многгу убаво си поминува. Се бањам, вели едно момче од Велес.
-Од Скопје сме многу ми се допаѓа. За прв пат сме тука со сопругата задоволни сме од услугите, вели турист од Скопје.
Длабоките сенки , бисерно чистата вода, песочната плажа распослана на 30 илјади метри квадратни го прават кампот Љубаништа за еден од најголемите и најпосетените во земјава.
Хигиената на високо ниво. Во соработка со Пакомак и Охридски Комунаец набавени се контејнери и се работи на едукација на гостите за соодветно управување со отпадот и за зачувување на животната средина.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град