За време на престојниот продолжен викенд сите надлежни институции на централно и на локално ниво ќе делуваат координирано и ќе ги вложат сите напори за почитување на законските прописи и протоколите за заштита од Корона висусот „Ковид 19“. се соочуваме со еден од најголемите и најспецифични предизвици, а тоа е заштита и превенција од Корона вирусот „Ковид 19“ за време на туристичка сезона. На една страна е приоритетот за заштитата на здравјето на граѓаните, а од друга страна се економските аспекти и бенефитот за туристичкиот сектор, кој претрпе најголеми загуби поради актуелната здравствена криза.
Во пресрет на Илинденските празници, кога Охрид по традиција ќе биде преполн со туристи, првиот човек на градот апелира и до гостите и до домаќините да ги почитуваат протоколите и мерките за заштита од корона вирусот.
Кризниот штаб, вчера одржа состанок и донесе заклучи во следните денови сите инспекциски служби да бидат постојано на терен и да вршат засилени контроли. Воедно, општина Охрид од денес започна Кампања за подигање на јавната свест кај посетителите. Веќе се подготвени промотивни флаери, кои ќе се делат на повеќе јавни локации.
„ Од денеска утрово започнавме координираа акција два тима составени од градежна иснпекција, пазарна, трудова, УЈП и полиција едните тргнаа од Градиште кон Охрид, други од Парк кон Градиште и ќе се сретнат. Вршиме конторли на неовластено псотавување на урбана опрема и сите законски мерки на терен“. вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.
Најголемиот проблем за сите надлежни институции се најавите за организација на бројни музички настани на повеќе локации на отворено, за кои има голем интерес од страна на туристите.
„Кризниот штаб на Општина Охрид упати препорака до организаторите да не ги организираат и одржуваат настаните доколку немаат капацитети за почитување и спроведување на Протоколот за начинот и условите за организација на настани, кој го донесе Владата на Република Северна Македонија. Исто така Кризниот штаб упати и апел односно препорака и до сите сопственици на локации на кои се закажани овие настани, да не ги изнајмуваат локациите за организација на настани од масовен тип, доколку не постојат услови за почитување на одредбите од овој Протокол“, рече Георгиески.
Во моментот ЈП „Билјанини Извори“ има резервација на два термини за одржување на јавни музички настани на Градскиот стадион на 7-ми и 8-ми август од страна на една музичка продукција. Просторот на градскиот стадион ќе биде изнајмен и настаните ќе се одржат, само доколку се утврди дека продукцијата ги поседува сите капацитети за да може да го испочитува во целост претходно споменатиот Протокол. Истото се однесува и на просторот во поранешната касарна. Во моментот АВАЛОН се уште нема дозвола и договор за концертите кои ги најавува за средината на август.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град