Пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ. Од Граѓанско демократската унија сметаат дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, која е, како што велат, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост.
Пратениците на ГДУ во новото македонско собрание, нема да поддржат Влада во која еден од коалиционите партнери би била ДУИ. Од Граѓанско демократската унија сметаат дека конечно е дојдено времето да се испрати во опозиција партијата која има најдолг стаж како партиципиент во власта од самото основање на државата, која е, како што велат, верен партнер и послушник на СДСМ и ВМРО – ДПМНЕ и учесник во сите ретроградни процеси за разнебитување на правната држава, правосудството и системот во целост. Од ГДУ ги повикуваат сите други политички партии кои и мислат добро на државата, без разлика на кој етнички изборен електорат се обраќаат – да се придружат на повикот за праќање на ДУИ во опозициј.
„Идејата на Али Ахмети е очаен обид на етничка карта да ги искористи гласачите за последен пат да го одржат на власт. Ова е обид за “достојно пензионирање” на Ахмети, чие време на политичката сцена заврши. Наместо да понудат промена на својата структура, нови прогресивни идеи и проекти за иднината на Македонија, за Македонците, Албанците, Турците, Ромите, Египќаните, Србите и сите останати кои живеат тука, тие се враќаат на националистички реторики со уцени и спотови кои презентираат кадри од конфликтот и тоа темно време за земјата сакаат подмолно да го злоупотребат за политички поени. Затоа, уште еднаш сакам да потенцирам и да им порачам на сите останати партии – ГДУ нема да прифати владина коалиција со ДУИ, зашто е дел од најголемите криминалните и коруптивни активности во последните 20-тина години кои беа на штета на секој граѓанин на Македонија.“ – вели Даниел Јорданоски, носител на ГДУ во Изборната единица 5.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град