По паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена.
По паузата поради Ковид – 19 мерките и Уредбата од Владата од денеска НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид е повторно отворена. Библиотеката ќе работи од понеделник до петок во терминот од 8 и 30 до 16 и 30 со пауза за дезинфекција на просториите во терминот од 12 до 12 и 30 часот.
НУ Библиотека од Охрид применува протокол за работа кој бара дициплина и одговорност и од вработените и од читателите. Задолжително е секој посетител да носи заштитна маска и да го почитува редот за дезинфекција пред влегување во установата.
Од НУ Библотека „Григор Прличев“ известуваат дека отворен е одделот за позајмување на книги, додека читалната и натаму останува затворена.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град