Подобрувањето на квалитетот на животната средина е прашање на опстанок на младите во Македонија. Затоа, со граѓаните сакаме да направиме Договор за здрава и чиста животна средина, кажа денеска на прес конференција ,кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМНЕ , Грација Бакраческа.
Приоритетите на програмата за Обнова на Македонија се: чист воздух, соодветен третман на отпад, чиста вода и речни текови, борба со урбаната бучава, зазеленување на македонските градови и планини, урбанизам за луѓе и климатски промени, порача кандидатот за пратеник од ВМРО ДПМБНЕ, Грација Бакраческа.
„Со цел намалување на урбаното загадување на воздухот, ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да ги имплементира следните проекти: поддршка за воспоставување јавен транспорт на чисти горива, природен гас и на електричен погон; субвенции за такси превоз без емисија на цврсти честички и без бучава (природен гас и електромобили); поддршка на локалните самоуправи при изградба на велосипедски патеки, пешачки зони, зони на смирен сообраќај; и поддршка за бесплатен јавен градски и државен превоз за сите ученици и студенти.“ – кажа Бакраческа.
Инспекцискиот надзор во животната средина ќе овозможи строг и правичен инспекциски надзор над сите загадувачи на животната средина, потенцира Бакраческа.
„Проектот Урбанистичко планирање за Зелена Македонија во соработка со ЕЛС ќе значи: работа по принципите на зелени градови, зелени маала, зелени улици со зелени зг.ради; поддршка при донесување урбанистички планови со 30% зеленило на ниво на маало, детален и генерален урбанистички план. “ – посочи Бакраческа
Во програмата предвиден е и проект Зазеленување – зелена Македонија со кој се планира засадување 2.5 милиони садници од автохтони неалергени видови годишно.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град