Развојот на туризмот како значаен сектор за Охрид и Македонија во програмата на ВМРО-ДПМНЕ тема на прес конференцијата на Кандидатот за пратеник Лидија Петкоска.
Зголемување на бројот на туристи преку нов модел за развој на туризмот и нови туристички понуди и форми на туризам, јакнење на маркетинг капацитети за промоција на Македонија како атрактивна туритичка дестинација и зајакнувањето на човечките ресурси во секторот туризам и угостителство, се нашата главна цел и стратешки приоритет, порача Кандидатот за пратеник на ВМРО ДПМНЕ и Коалицијата Обнова на Македонија, Лидија Петкоска.
„ Се обврзуваме за јакнење на развојниот потенцијал на туризмот. Во соработка со домашните факултети за туризам и угостителство, како и реномирани експерти во оваа област, ќе изработиме нова Национална стратегија за развој на туризмот со акциски план за 10 години и нејзина целосна имплементација. Исто така, со вклучување на јавноста и туристичкиот сектор ќе изработиме студија за развој на алтернативни форми на туризам и ќе го одредиме начинот на кој тие ќе се развиваат и унапредуваат во период од 5 години. “
Задржување на финансирањето на тур-операторите како одлична мерка за привлекување на странските тур-оператори и воведување нови начини на субвенционирање на целогодишен туризам и на недоволно развиените туристички потенцијали, најави Петкоска.
Во програмата предвидено е и субвенционирање на угостителските капацитети кои врз основа на соодветни критериуми би добиле статус Зелени хотели.
„ВМРО-ДПМНЕ се обврзува за привлекување на бренд-имиња во угостителството, хотелиерството и трговијата, со цел привлекување на краткотрајни посети од соседството и пошироко. Притоа, ќе вложиме напори за отворање на аутлет центар по примерот на голем број држави. “
Со цел квалитетна и конкурентна туристичка понуда Петкоска посочи и стандарди за подобрување на категоризацијата на сите туристички објекти, воведување на алатката е-визиторс како генератор на туристичките, статистичките и економските податоци за следење на развојот на туризмот и креирање политики.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град