• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

ОХРИДСКИТЕ СМЕСТУВАЧКИ КАПАЦИТЕТИ МОЖАТ ДА СЕ РЕГИСТРИРААТ НА ПЛАТФОРМАТА „ДОМА СИ Е ДОМА“

Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на  Владата на Република Северна Македонија, за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

 |   | 

Издавањето на ваучери за домашен туризам е мерка која беше најавена во третиот пакет економски мерки на  Владата на Република Северна Македонија, за поттикнување на домашната економија и поддршка на туристичко-угостителскиот сектор.

Граѓаните ваучерите од 6.000 денари за домашен туризам ќе можат да ги користат од 15 јули до 15 декември 2020 година

На платформата Domasiedoma.gov.mk до 5-ти јули ќе бидат објавени сите даватели на туристички услуги кои се пријавиле да бидат дел од програмата.

Општина Охрид ги информира сите регистрирани даватели на туристички услуги кои се заинтересирани да примаат гости со ваучери за туризам да го пополнат формуларот за регистрација на следниот линк https://domasiedoma.gov.mk/register-form/

Пријавувањето е веќе започнато и ќе трае до 30-ти јуни 2020 година.

Давателите на туристички услуги кои ги немаат категоризирано своите објекти можат да се обратат во Секторот за туризам и локален економски развој во Општина Охрид на телефон 046262492 за да закажат термин за прием на документацијата.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top