Денеска се снимаше промотивниот спот за Охрид во рамки на кампањата Дома си е дома

Покрај убавините на Охрид и езерото во спотот ќе се најдат и Вевачнските извори и рекаат Црн дрим како и гастрономски специјалитети од регионот. Од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот очекуваат од 22 јуни со отворање на хотелите за домашните гости а од средината на јули со гости и од регионот да започне туристичката сезона.

 |  Соња Рилковска  | 

Убавините на Канео,  белите едрилици,  манастирскиот комлекс Свети Наум, Галичица  ќе бидат дел од промотивниот спот на кампањата „Дома си е дома“, што денес се снимаат во Охрид.  Во спотот ќе бидат вметнати и Вевчанските извори  , мостовите на Струга, реката Црн Дрим и гастрономските специјалитети од регионот.

„Во план се 10 дестинации каде што ќе бидат прикажани повеќе од 60 тина атракции кои што ќе може да се посетта во Македонија и се надеваме веќе дека следната среда ќе го имаме и промовирањето  на првиот спот. Кампањата ќе оди освен на социјалните медиуми и по одреден број на ТВ и се надеваме дека до 22 со можноста за отворање на хотелите  веќе ќе започне туристичката сезона  за домашните гости“, вели Љупчо Јанески директор на Агенцијата за промоција и  поддршкана туризмот.

Оваа година поради пандемијата во главниот фокус се ставени привлекување на што поголем број домашни туристи.

„Очекуваме дека оваа година ќе се потрудиме и ке успееме да имаме нешто повеќе од 2 милиони ноќевања на домашни туристи а исто така веќе од средината на јули очекуваме да се релаксира состојбата да бидат  отворени границите и да очекуваме гости од регионот за кратки посети“, додава Јанески.
Во промотивните спотови, кои од идната среда ќе се емитуваат  се вклучени и пораки од  јавни личности кои препорачуваат одмор во земјава. За оваа кампања  предвидените парични средства од Владата се донирани во фондот за Корона, а пари Агенцијата  обезбеди од странство.


 

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top