Шест во Охрид, пет во Струга и 182 нови случаи на заболени со Covid-19

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.

 |   | 

Во последните 24 часа се направени 1348 тестирање, а регистрирани се 182 нови случаи на ковид-19.

– Скопје 107
– Куманово 14
– Штип 4
– Тетово 23
– Струга 5
– Битола 2
– Охрид 6
– Гостивар 4
– Струмица 1
– Кочани 1
– Берово 1
– Ресен 13
– Неготино 1

Починати се 6 лица, двајца пациенти од Скопје, двајца од Куманово и двајца од Тетово. Во ГОБ „8 септември“ починати се пет лица – двајца пациенти од Тетово, еден на возраст од 81 година хоспитализиран на 16 јуни и пациент на 72 години хоспитализиран на 12 јуни. Кај тројца пациенти вирусот е потврден постмортем – пациентка од Куманово на 64 години и уште двајца пациенти од Скопје на возраст од 68 и 65 години. Во ОБ Куманово почина пациент на 85 години, хоспитализиран на 10 јуни.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 33 оздравени пациенти.

– Скопје 22
– Дебар 1
– Штип 1
– Прилеп 1
– Тетово 1
– Велес 2
– Битола 1
– Кочани 2
– Свети Николе 1
– Кичево 1

Досега во земјата се направени вкупно 47.793 тестирање на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 4664, бројката на оздравени пациенти е 1836, на починати е 216, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2612.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top