Семинар за борба против трговијата со луѓе

Претставници од земјите од регионов се собраа со цел да разменат искуства за проблемот со трговијата со луѓе.

 |  Татјана Маленкова  | 
Gordana Jankulovska
Гордана Јанкуловска

Денешната конференција ја заокружува три годишната работа на земјите од регионов.
Македонија  во изминатиов период посебно внимание посветува на борбата со трговијата со луѓе. Овој исклучително сложен криминал бара огромна посветеност и соработка со службите од регионот и пошироко. Ваквиот тип на криминал за жал потврдува дека ниту една земја не е изолирана од неговото постоење и дека е неопходна меѓусебна соработка, Ова го истакна министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска во обраќањето пред учесниците на тридневниот завршен семинар посветен на Програмата за поддршка на развојот на транснационални механизми за третман на жртвите на трговија со луѓе во Југоисточна Европа, што се одржува во Охрид.

seminarСтатистиката на МВР говори дека во последниве години во Македонија се бележи 23 насто зголемување на бројот на откриени кривични дела и 75 насто зголемување на откриени сторирители. Овие показатели говорат дека со вистински организиран пристап, резултатите нема да изостанат, истакна Јанкуловска. „Трговијата со луѓе е кривично дело, во кое на луѓето им се одземаат сите права, а со  тоа тие се ставаат во ропска положба, рече пред новинарите генералниот директор на интернационалниот центар за развој на миграциона политика.

Американскиот заменик-амбасадор Томас Навратил ја нагласи успешната досегашната соработката меѓу САД и Република Македонија во сузбивањето на појавите на трговијата со луѓе, како проблем што ја засега целата меѓународна заедница.

Резултатите од активностите во рамките на Програмата за поддршка на развојот на транснационални механизми за третман на жртвите на трговија со луѓе, имплементацијата на насоките утврдени со Програмата во конкретни случаи трговија со луѓе, размената на информации и искуства, како и утврдување насоки за проширување на идната соработка во рамките на проектот, се главните теми на кои дискутираат 120-те учесници на семинарот во Охрид, претставници на надлежни владини и невладини институции од државите на ЈИЕ, како и на соодветните институции и меѓународни организации од западноевропските земји.

Со овој семинар се заокружува тригодишната програма во чии рамки беа изготвени меѓународни насоки за постапување со жртви на трговија со луѓе, кои содржат стандардизирани процедури за идентификација, помош, заштита, ресоцијализација и реинтеграција на жртвите, како и постапувањето со нив во текот на кривичната постапка.Република Македонија е првата држава од регионот која ги усвои стандардните оперативни процедури за постапување со жртви на трговија со луѓе. Подоцна истото на национално ниво го сторија уште девет земји членки на Програмата, Албанија, БиХ, Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, Романија, Молдавија и Косово.

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top