ЈП Водовод – Охрид од денеска започнува со репрограмирање на долговите на корисниците (физички и правни лица) на услугите на претпријатието, како дел од мерките за справување со економските последици настанати од корона вирусот.

Физичките и правните лица кои ќе го платат заостанатиот (главен) долг еднократно, истиот го плаќаат без пресметана камата за задоцнето плаќање. Одлуката за репрограмирање на долгови на корисници за услуги од водоснабдување, без камата за задоцнето плаќање Управниот одбор на ЈП ВОДОВОД Охрид ја донел на седницата одржана во петокот.
Акцијата за склучување на договори за плаќање на рати без камата , започнува од денеска и ќе трае заклучно со 15ти септември годинава и истите ќе се склучуваат само во правната служба во дирекцијата на ЈП ВОДОВОД Охрид.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град