Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите

Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите. Уредбата на Владата ќе ја обжалат на Уставен суд. Вака одлучија  концесионерите и градоначалникот Рамиз Меркона денешниот состанок.

 |  Соња Рилковска  | 

Струга нема да дозволи уривање на објектите на плажите. Уредбата на Владата ќе ја обжалат на Уставен суд. Вака одлучија концесионерите и градоначалникот Рамиз Меркона денешниот состанок.

Општина Струга нема да дозоли уривање на плажите.Уредбата на Владата за отстранување наугостителските објекти и платформи, заеднички со концесионерите ќе ја обжалат на Уставен суд. Сметаат дека одлуката, донесена во време на криза и пандемија е дополнителен сериозен удар врз туризмот иекономијата.

„Ние сме шокирани од ова долука на владапосебно во ова време на пандемија кога очекѕвавме поголема поддршка за насопштините во туризмот а не да не блокираат.Одлуката е избрзана и ниезаедно со концесионерите ќе гледаме да се спротиставиме на наш начин“, вели Дашмир Насуфи шеф на кабинет на Струга.

Ќе пропаднатмилионските инвестиции а, 300 луѓе вработени во угостителските објекти наструшкото крајбрежје ќе останат без основната егзистенција, велат концесионерите.

„Политиката треба малку да мисли што ќенаправи со нас, ради тоа што тука се инвестирани пари од нас, не се најдени туктака. Имаме вработени луѓе, плаќамесо години придонеси, такси, даноци“, вели Ајруш Мифтари концесионер одСтруга.

Струга ќе бара од Владата да донесе нов закон за концесионирање и издавање наплажите. Еколозите пак ја поздравија Уредбата, велат време е да се стави крај со узурпацијата на брегот наОхридското езеро.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top