• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Плажите на брегот на Охридското езеро ќе треба да се исчистат од објекти, шанкови, лежалки и да се вратат во првобитна состојба

Плажите на брегот на Охридското езеро ќе треба да се исчистат од објекти, шанкови, лежалки и да се вратат во првобитна состојба

Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските  објекти , бидејќи  договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.

 |  Соња Рилковска  | 

Владата на една од последните седници донесе Уредба со која им се наложува на концесионерите да ги тргнат изградениети платформи и угостителските објекти , бидејќи договорот за закуп им е истечен од пред три години. Одлуката се однесува на сите плажи вдолж охридското и струшкото крајбрежје, од Свети Наум до Радожда.

Охридскиот градоначалник Константин Георгиески ја поздрави одлуката на Владата.

-Со ова очекувам конечно да се стави ред во искористувањето на крајбрежјето на Охридското Езеро за туристички цели, кое се провлекуваше како проблем, години наназад и значително ќе придонесе за исполнување на препораките од УНЕСКО, смета Георгиески.

Со сосема спротивен став е неговиот колега од Струга. Градоначалник Рамиз Мерко, пред двенедели јавно кажа дека нема да уриваат, напротив ќе се гради крајбрежието заградот туристички да се уредува. Оваа одлука е атак врз туризмот, велат одопштина Струга, кои за утре најавијаофицијален став.

И граѓаните се со поделени мислења.

„Треба да имамодерни и убави плажи тоа е перспективата на Македонија на Охрид и на туризмот“,вели еден граѓанин.

„Плажи да имаме не кафани да имаме . Сите плажи се кафани овде, работаат дење ноќе“, вели друг граѓанин.

„Најдобро е да се урни се до едно да се урни. Модерни плажи не се овие со железо, треба да бидат еколошки со дрво а не со железо“, вели друг граѓанин.

Оваа одлука предизвика револт кај охридко струшките концесионери, кои не сакаа да зборуваат пред камера. Велат ќе пропаднат милионски инвестиции на брегот на Охридското езеро, кои придонесоа за голем туристички развој.

„Од тука , од каналот Студенчишта па се` до Лагадин се протегаат најпосетуваните плажи на брегот на Охридското езеро. Во минатото на овој потег немаше ниту еден изграден објект.

Концесионеритена плажите со години не плаќаа закуп, за што општината поднесе тужби. Во привичните договори им било наведено да поставуваат само монтажни објекти, а не да градат со цврста градба. Воедно им било јасно нагласено дека по истекување на договорот ќе треба плажата да ја вратат во првобитната состојба.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top