Влада: Закупците на плажите ќе мора да ги вратат во првобитна состојба

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.

 |   | 

На предлог на Министерството за транспорт и врски Владата ја дополни Уредбата со законска сила за примена на Законот за градежно земјиште за време на вонредна состојба.

Со дополнувањето се задолжува закупецот да го врати во првобитна состојба градежното земјиште кое било предмет на краткотраен закуп предвидено со урбанистички план или урбанистичко-планска документација за плажа, а за кое временскиот рок за краткотраен закуп е истечен или договорот за краткотраен закуп е предвремено раскинат.

Иако концесионерите на плажите неодамна бараа да не им се наплатува концесија и ова лето, по се изгледа ќе мора плажите со кои стопанисува речиси две години без потпишан договор, ќе мора да ги вратат во првобитната состојба.

Станува збор за 14 плажи кои бесправно работат од 2013 година навака. Планот е од исклучително значење за успешно исполнување на процесот на препораките од Комитетот за светско култруно наследство за Охрид да го зачува статусот на Унеско како заштитено поддрачје и дел од светското културно наследство.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top