Охридскиот народен театар денеска слави роденден. Основан пред 9 години, од првата претстава Метаморфози до „Хотел ни на небо ни на земја“, охридскиот театар постави пред својата публика 31 претстава. Годинава нема роденденска премиера на штиците што живот значат и под симболот на двете маски тажна и среќна. Денеска сите носиме едни поинакви маски а театрите се затворени.
Да избираш од сите улоги која најмногу ти лежи на срце е како да одлучиш кое дете повеќе го сакаш, но кога би морал да издвојам тоа би била улогата на Франсоа Пињон во „Вечера за глупаци“, открива Тодороски за ТВМ. Ликот на Баал, пак, од истоимената претстава по текстот на Бертолт Брехт, е улога која актерот Горан Стојаноски ја посакувал уште како студент. Со името на овој наш познат и реномиран актер и режисер се поврзува возобновувањето на театарот во Охрид.
Денеска охридскиот театар роденденот требаше да го одбележи со нова премиера на штиците што живот значат и под симболот на двете маски, тажна и среќна. Но денеска сите носиме едни поинакви маски, театрите се затворени, а светот живее некоја изместена реалност. Директорот на НУ ЦК „Григор Прличев“, Горан Симоноски вели дека очекуваат насоки од надлежните како ќе функционираат овие културни установи.
„Јас би сакал што е можно побрзо да ги добиеме тие протоколи, да можеме да функционираме, да даваме претстави, да може да ужива публиката во живо да ги гледа нашите претстави. Овој период имаме добиено три проекти од министерството за култура за овогодишната програма, но не знаеме дали ќе има ребаланс, дали некоја од претставите ќе ни укинат, што ќе можеме да реализираме чекаме потврда од министерството за култура.“ – изјави за ТВМ, директорот Горан Симоноски.
На Охрид ме потребен репрезенаттивен театарски дом. Но тој проект за нова тетараска згерада кој се заговара со години очигледно и понатаму ќе чека некои подобри времиња. Во меѓувреме се работи на изнаоѓане начини за решавање на тековните проблеми и потреби на тетарот.
„Прво и основно ни треба поголем ансамбл, да се зголеми бројот на актерите и актерките. Потоа Охридскиот наорден театар е млада организација од 9 години ни недостига да ни доделат од министерството за култура средства за да создадеме подобри услови, за ансамблот. Условите се тие што се и гледаме да ги подобриме со помош од општината, ресорното министерство, како и локалните стопанственици од Охрид и РМ и од наша страна правиме се.“ – вели Симоноски.
Она што најмногу му недостига во овој момент на охридскиот и на сите театри во светот е публиката. Ова е време во кое правиме протоколи како да ја намалиме публиката што е контра на сите принципи врз кои е заснован театарот, вели актерот Тодоровски и со надеж дека тоа за брзо време ќе се промени им порача на охриѓани:
„ Им посакувам на сите да издржиме.Се додека не дојде оној блескав ден кога сите слободно ќе дишеме без маски, треба да се чуваме.“
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град