Енио Мориконе многу баран

Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.

 |  Валентина Нелоска  | 
фотографија
fotografija

Огромен е интересот за купување билети за свеченото отварање на 49-то издание на фестивалот Охридско лето и настапот на маестро Енио Мориконе.

promotiven materijalВлезниците се продаваат по цена од 30, 40 и 50 евра, а веќе се резервирани и 50 посто од местата на античкиот театар  вели директорот на Фестивалот Охридско лето, Тони Симоноски. Резервации  за влезници има и од соседните држави.
Светски познатиот композитор и диригент Енио Мориконе кој во Охрид  доаѓа со неговата филхармонија, ќе  изведува композиции во траење од 1 час и 15 минути.

Проектот на настапот е насловен како „Беше еднаш во Македонија“.

Маестро Мориконе  ќе биде сместен во  претседателскиот апартман во хотел Метропол, а екстравагантни барања нема вели Симонски. Мориконе во Охрид ќе простојува од 10 до 13 јули, а при тоа е предвидено да ги посети манастиорт  Св. Наум, црквата Св.Софија и археолошкиот локалитет Плаошник. 

 

{loadposition content9}

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top