Министерот за здравство Венко Филипче денеска изрази загриженост поради растот на бројката на новозаболени од ковид-19. Најави дека ќе се дискутира на Комисијата за заразни болести следната недела за евентуално затворање на општини со карантински мерки каде што има голем број случаи.
Министерот за здравство Др. Венко Филипче на денешната прес конференција информира дека е спроведен надзор во Тетово и во Штип, каде се анализирани сите случаи. Од увидот во Тетово е констатирано дека не се почитува самоизолацијата и има генерално непочитување на сите мерки.Од увидот во Штип е утврдено непочитување на правило за транспорт, истакна Филипче посебно во конфекциите, од кои една е затворена од инспекторатот, со оглед на тоа што има 17 заболени во истата. Епидемиолозите се соочуваат со одбивање на соработка да даваат точни податоци новозаболените и тешко може да се достават решенија за самоизолација, а има информации за граѓани кои и со решенија за самоизолација се шетаат надвор, подвлече министерот.
“Барам апсолутно поголема ажурност и работа на МВР и поголема контрола и санкции за оние кои овие мерки не ги почитуваат , ние продолжуваме активно да ја следиме состојбата“ вели Венко Филипче – Министер за здравство РСМ.
Процентот на заразени од тестирани во изминатите 14 дена, според статистиката, изнесува 5.5%, во кој процент се калкулираат и тестовите од скринингот, а капацитетот во болниците е пополнет 11% со што здравствениот систем е во добра состојба,. Исто така над 92% е процентот на оздравени здравствени лица.
Зголемениот број на случаи најчесто се од познати кластери, но има и неколку нови во некои општини, кои беа индикатор да се направат контроли.
„Повторно ќе воведеме рестрикции ако епидемиолошката состојба тоа го наложи, што е дискутирано на утринскиот состанок со Комисијата. Ќе се анализира состојбата и во наредниот период и врз основа на тоа ќе се носи одлука. Во ментов поради добрата состојба на здравствениот систем сеуште нема потреба за тоа, но повторувам, состојбата ја следиме и доколку е потребно повторно ќе воведеме такви мерки“ рече Венко Филипче – Министер за здравство РСМ.
Новозаболените се во 4 скопски општини Сарај, Чаир, Гази Баба и Аеродором. Граѓаните, како што објасни тој, најчесто се заразуваат зашто се групираат без да носат заштитни маски.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град