Никој неможе да им стави крај на сопствениците на кафулиња кои распространувајки ја својата урбана опрема зафаќаат се поголем простор од сообраќајницата.
Никој неможе да им стави крај на сопствениците на кафулиња кои распространувајки ја својата урбана опрема зафаќаат се поголем простор од сообраќајницата.
Од секторот за урбанизам велат, дозвола за маси и столови имаат само за метар и половина.
Жардињери, маси, столови. Улицата Цар Самоил запоседната од двете страни. Сопствениците на кафулињата во овој дел на Охрид, како да се натпреваруваат кој ќе извади повеќе и што помасивна урбана опрема, зафаќајќи го просторот од сообраќајницата. Раководителот на секторот за урбанизам решениото на овој проблем го гледа во новиот закон за градежно земјиште.„Оваа година е последна во која сезонските дозволи за урбана опрема се издаваат по стариот правилник. Во тек е изработка на програма на времени објекти согласно новиот закон во градежното земјиште. Програмата треба да се усвои и од министретвото за транспорт и врски и од советот на град Охрид, вели Арнаудов.
„Во времените дозволи кои ги издаваме,сопствениците на угостителски објекти смеат да запоседнат само метар и половина од јавната површина, а останатиот дел од улицата треба да биде слободна“,вели раководителот на секторот за урбанизам.
Сето тоа е испочитувано, тврди првиот човек на секторот за урбанизам.
{loadposition content9}
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град