Вевчани и оваа сезона очекува туристи. Планинската природа, бројните излетнички места, манастири, летничките езера и Вевчанските извори се магнет за гостите. Општината започна со изработка на видео спотови за промоција и привлекување на туристи од поголемите градови во земјава.
Прекрасната планинска природа во Вевчани е идеална за одмор и рекреација, но и за почитување на здравствените препораки. Вевчани има малку сместувачки капацитети, а со тоа и можност да се избегнат гужви.
Познатите излетнички места Јанков Камен, летничките езера, манастирот Свети Спас, магичните надалеку прочуените Вевчански извори, пешачките планински патеки, тениските игралишта, но и позната ергела на коњи се магнет за туристите.
-„Баш овој туризам во помали групи нас тука во Вевчани ни договара бидејки имаме помал број на капацитети и така се расцепкани и баш препораките за дистанцирање и помали групи би ни договарало во овој момент“, вели Сашо Јанкоски градоначалник на општина Ввчани.
Таргет годинава ќе бидат туристите од поголемите градови од земјава. Да ги избегнат градските гужви и да се одморат, а воедно и изолитраат во чистата планинска природа.
-„Да ги привлечат туристите од поголемите градови да летуваат во нашиот регион Охрид, Струга Вевчани каде има убавини во изобилство во помали групи бидјеки и летово нема да е дозволено големи групи и масовен туризам да има и хотелите ќе работат со ограничени капацитети“, додава Јанкоски.
Општината веќе изработува видео спотови за промоција на бројните убавините на Вевчани и чистата еколошка природа.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град