Мерко нема намера да урива дивоградби

Во име на туризмот струшкиот градоначалник нема намера да урива дивоградби. Рамиз Мерко планирал со градење да го развива градот. За барањето на Антикорупциска , држават да го преземе справувањето со дивоградбите, Мерко дециден дека доколку локалната не сака да руши никој не можел тоа да го направи со сила.

 |  Соња Рилковска  | 


Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко  нема да урива дивоградби. Забелешките на еколозите и препораките на Унеско не допираат до првиот човек на Струга. Тој најави дека во име на туристичкиот развој планира да  го уредува   и доградува   градот.
Во однос на најавите на Антикорупциската комисија за  одземање на  ингеренциите на општините и барање од  државата да ги урива дивоградбите Мерко одговори:

„Ние сакаме да градиме не да рушиме. Ние ќе им кажеме да доградиме не да рушат. А владата ќе регира како ние  ќе кажеме ние сме локална власт  што сме ние?. Не може некој со сила да дојде и да каже“.,   изјави Рамиз Мерко.

Според Мерко новинарите се негативни и постојано ја напаѓаат Струга, нормално било крајбрежието во  пролет да се уредува.

„Сите на некој начин делувае негативно на состојбите Фала Богу во пролет сите треба да направат реконструкција да бојадисуваат да средуваат објекти да се подобрат условите“, вели Мерко.

Додека во Охрид се уриваа платформи и  парапетчиња,  во соседна  Струга  не важат законите. Не се почитува мораториумот за градба, немилосрдно се граби секој метар квадратен.  Според струшкиот градоначалник во  Струга има  само 262 дивиградби а ниту една не е во заштитеното подрачје.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top