• Почетна
  • Archive
  • Вести
  • Охрид
  • Плажите да се стопанисуваат без договор и оваа сезона, бараат дел од поранешните концесионери

Плажите да се стопанисуваат без договор и оваа сезона, бараат дел од поранешните концесионери

Велат дека исполнување на протоколи за  заштита од вирусот на плажите ќе создадат доволно финансиски терет и без тоа што нема да плаќаат во општинската каса за закуп. Градоначалникот потсетува дека со години немаат договор за закуп и додава дека проблемот со плажите не може да го реши општината без помош од државата.

 |  Соња Рилковска  | 

Концесионерите на плажите бараат  да не им се наплатува концесија и ова лето.  Велат ќе работат со намалени капацитети , двојно помалку гости  заради растојанието кое  ќе треба да се запази помеѓу лежалките.  Услови за социјална дистанца има, но ќе има и поголеми трошоци за  дезинфекција на урбаната опрема за да се спречи ширењето на корона вирусот.
Дел од нив сметаат дека е неопходно и скрининг тестирање на персоналот пред отпочнување со работа.

„Мора и кај нас персоналот да биде тестиран, хигиената без да ја определат институциите ние максимално ќе се грижиме да биде на високо ниво сето тоа ќе создаде финансиски проблеми. Но ако Охрид  овие два месеци не ги одработи последиците ќе бидат далекусежни“, вели Љупчо Настоски поранешен концесионер на плажа.

Концесионерите предлагаат штом заврши пандемијата да  има тендер за издаравање на плажите , но од идната сезона.

„Ние во споредба со другите угостители сме да не кажам унаказени со временските услови лани. Кога на брегот потполно се уништија објектите заради надојденото езеро. И затоа би требало ова година да не се наплатува, само да ги отвориме и колку можеме средиме и уредиме и во една ваква епидемија да пречекаме оние гости кои ќе дојдат Охрид“, вели Илија Џепароски поранешен концесиоенер на плажа.
Од ЦЈЗ велат и на плажа ќе мора да се почитуваат здравствените препораки. Гостите ќе треба да  користат маски.

„Треба да се почитува таа физичка дистанца  не помала од два метра, терба средства за дезингфекција на самите капалишта , на плажите и секако ќе треба да се носат заштитни маски барем засега. Сето тоа ке биде вкалкулирано во протоколите“, вели Сашо Точко директор на ЦЈЗ Охрид.

И додека концесионерите  планираат работа,  градоначалникот  потсетува дека  со години немаат договори. За решавање на проблемот потребни се законски измени и помош од државата.

 „Сега плажите немаат ниту договор за закуп, ниту имотен лист дека земјата е нивна а обавуваат дејност.  Јас како градоначалник не можам да ги затворм а можам да ги урнам. Колку е тоа популарно или не не знам тоа е еден голем проблем кој ние  сами како локална самоуправа не можиме да го решиме“  вели Константин Георгиески градоначалник на општина Охрид.

Како ќе биде ова лето  се уште не се знае. Протоколите за на плажа  се работат . А дали општината ќе им дозволи на концесиоенрите  уште една сезона да работат без договори и без пари останува да видиме.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top