Филипче ги презентира протоколите за одржување на изборите

Кампања без масовни собири, од врата до врата ќе има ама на дистанца и во двор, во штабови состаноци до два часа, гласање со маска и дезинфицирање.  Ова е предвидено во протоколот  за условите и начините на спроведување на избори подготвен од   Комисијата за заразни болести на барање на претседателот Стево Пендаровски. Министерот филипче очекува протоколот без исклучок да се почитува од сите учесници во изборите.

 |   | 

На барање на претседателот на државата Стево Пендаровски, а како заклучоци од лидерската средба, Комисијата за заразни болести изготви протоколи  за избона кампања и за денот на спроведување на изборите кои мора целосно да се спроведат, истакна на прес конференција министерот за здравство Венко Филипче.

„Сите лидери се изјасниле дека здравјето на граѓаните е на прво место и затоа очекувам сите партии, членовите и сите учесници во изборниот преоцес ќе го почитуваат протоколот. Протоколот произлегува од генералните препораки за заштина на граѓаните кои сега се во сила и ќе останат во наредниоот период. Допоплнтелно предвидува мерки кои го регулираат начинот на спроведување на изборната кампања, движење и организација на собири и на крај здравствениот прооткол за денот на гласањето.“ – кажа Филипче

Во целиот изборен процес без исклучок задолжително треба да се почитуваат генералните препораки за физичка дистанаца, носење маска секогаш на затворено, а на отворено кога не може да се одржи дистанца и често миење и дезинфекција на раце. Во однос на спроведување на кампањата не смее да има големи собири, потенцира министерот.

„Собирите кои се одржуваат на отворено и затворено со почитување на мерки и соогасно тоа  бројот на учесници. Дури и за помали собири да се користат разгласни уреди за озвучување. Кампањата од врата на врата исто така мора да се резлизира согласно овие протоколи, да се одржува дистанца од соговорниците, да не се влегува во домаќинствата.“ – објасна министерот.

Партиските активности во штабовите секогаш кога е можно да се одржуваат на отворено, а ако е на затворено важат  правилата за дистанца и заштитна опрема, задржување во штабовите до два часа, и нивна секојдневна дезинфекција.  Партиски превоз да се спроведува со средства за јавен превоз чиј капацитет е пополнет максимум до 50% и сите внатре да носат заштитна опрема, а превозниците да обезбедат средства за дезинфекција, истакна министерот.

„ За денот на изборите членовите на гласачките одбори и акредитираните набљудувачи носат маски и ракавици, во просторијата седат со отворени прозори или проветруваат на секој час, а задолжително е да имаат средства за дезинфекција. Гласачите пред влез на избирачко место чекаат на дистанца, најпрво се дезинфициираат, па влегуваат во избирачкото место. По предавање на личните документи, картко ја симнуваат маската заради идентификација, а по гласањето повторно се дезинфицираат. Во гласачкото место не смее да има повеќе гласачи од паравани. “ – кажа при презентирање на протоколот министерот.

Постои можност и за зголемување на време на гласање за два часа повеќе од она вообичаено гласањето кое  трае од 7 до 19 часот, за што ќе треба да се произнесе и Државната изботрна комисија, потенцира министерот Филипче.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top