Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.
Здружението на пензионерите Охрид и Дебрца, денеска на Општинскиот Црвен крст му врачи одредена количина на заштитни маски за повеќекратна употреба.
Заштитните маски кои се наменети за целната група на пензионери за Општината Охрид ќе им ги додели преку волонтерите на Црвен крст Охрид особено на оние пензионери кои се немоќни, изнемоштени и тешко можат да обезбедат заштитни средства во руралните средини. Здружението покрај ова им доделува заштитни маски и на пензионерите кои секојдневно доаѓаат во Здружението.
Инаку Здружението на пензионерите на Охрид и Дебрца пред околу еден месец исто така преку волонтерите на Црвен крст, на 100-тина пензионери им врачи 100 пакети со заштитни хигиенски средства од пандемијата КОВИД-19. Во оваа насока успешната сооработка помеѓу Црвен крст Охрид и ЗП Охрид и Дебрца ќе продолжи континуирано и во наредниот период.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град