Охридските угостители се подготвуваат да започнат со работа

Во очекување на официјални протоколи за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за отворање на кафетериите и рестораните. Објектите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно. Но угостителите  велат дека тоа ќе биде сепак подобро од ништо и на задоволство на граѓаните.

 |   | 

Во очекување на официјални протоколи за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за отворање на кафетериите и рестораните. Објектите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно. Но угостителите  велат дека тоа сепак ќе биде подобро од ништо и на задоволство на граѓаните.

Угостителите се надеваат дека од понеделник ќе добијат зелено светло за отворање на кафетериите и рестораните. Министерот за економија Крешник Бектеши најави дека Владата за кратко време по препорака на Комисијата за заразни болести ќе донесе одлука за отворање на угостителските објекти. Кафетериите и рестораните се асоцијација за дружење на луѓето. Но овие објекти ќе  загубат многу од таа улога на зближување на луѓето поради новите услови под кои ќе работат. Според она што го кажа министерот за здравство , рестораните и кафетериите кои имаат тераси ќе работат само надвор , со одалеченост меѓу масите од 2 метри и со задолжителна целосна дезинфекција на објектите. Угостителите ќе работат со скратено работно време и со скоро преполовен капацитет што значи работењето ќе биде далеку од рентабилно.

„Површината со која што располагаат угостителските објекти ќе биде пресудна за тоа со каков капацитет ќе работат во првите месеци. Тука мора да се каже дека мерките нема да бидат исти за сите. Некој објект има помала површина а некои воопшто немаат тераса. Добро ќе беше да ги имавме терасите односно платформите во ваков случај ќе беа добредојдени, но ќе мора да се снаоѓаме во ваква каква што е ситуацијата.“ – вели Михаил Мишев – Претседател на еснаф на угостители-Охрид.

Според Туристичко угостителската комора условите под кои би работеле рестораните и кафетериите а кои сеуште не се официјални се прифатливи за повеќе од половина од угостителите во државава. Во очекување на официјална потврда за протоколите за работа во наредниот период охридските угостители наголемо се подготвуваат за старт.

„Ние сме подготвени ако треба уште утре да започнеме со работа. Се чисти, се  дезинфицира просторот, правиме растојание помеѓу масите, но сепак се зависи од тоа какви мерки ќе бидат донесени. Повеќе од половината маси ги отстранивме веќе.- вели Игор Иванов, менаџер на Liquid Boutique Bar & Kitchen.

Од министерството за економија најавија нова поддршка од државата откако ќе бидат отворени угостителските објекти за што угостителската комора е информирана и се чекаат нивни предлози.

Со Вашата регистрација, неделно ќе добивате е-порака со најважните информации од регионот.


© All rights reserved. Powered by YOOtheme.
Back to Top