Ќе се опфатат лицата за коишто се смета дека се во критични категории како здравствени работници, вработени во градинки, вработени во домови за згрижувањена стари лица, припадници на полиција, возачи во ЈСП и таксисти, вработени во јавни служби (шалтерски работници), пациенти пред хоспитализација.

Скринингот ќе се прави со PCR тестови и ќе овозможи поквалитетна проценка за можноста за олабавување на рестриктивните мерки, но и значително ќе се зголеми бројот на тестови.
Во текот на следните денови ќе биде готов новиот алгоритам и ќе се дефинира таргетираниот број на тестови што ќе се прави дневно. Кластерите по возраст и хронични болести би биле опфатени со испитувања во понатамошниот период, за да се види прокуженоста на населението од овој вирус.
Матичните доктори ќе го добијат новиот алгоритам и преку мој термин ќе закажуваат тестирање на одреден број лица според можностите насистемот на дневна база. Брисевите ќе се земаат во постоечките пунктови и ќе ги транспортираат Центрите за јавно здравје во претходно одредени лаборатории.
Стратегијата на Министерстовото за здравство од почетокот на епидемијата беше да се тестираат пациенти со симптоми. Таа даде исклучително добри резултати без да ги оптовари капацитетите за тестирање и за хоспитализација што беше наша примарна цел. Намалениот број на тестирања изминатите денови е доказ дека бројот на активни пациенти во нашата земја значително се намалува.
Ти Си Твојот Град
Ти Си Твојот Град